Линкови за пристапност

Стравот се шири побргу од коронавирусот - несигурност кај македонските граѓани


Стравот се шири побргу од коронавирусот - несигурност кај македонските граѓани
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Стравот се шири побргу од коронавирусот - несигурност кај македонските граѓани

Македонските власти воведоа нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. За патниците кои пристигнуваат од 20-на земји, меѓу кои и од Кина, Кореја, Италија, но и од Соединетите Држави, Германија и Франција е наложена задолжителна самоизолација од 14 дена. Кај граѓаните преовладува страв и несигурност.

Иако надлежните повикуваат да не се создава паника, а јавноста да остане смирена, ширењето на корона вирусот и новите заразени случаи, кај многу граѓани предизвикува страв и несигурност. Некои велат дека ги следат препораките за заштита на лекарите и оти ги извршуваат само најнеопходните лични потреби, други пак дека не паметат ваква ситуација досега.

„Секој нормален човек се плаши. Ние сме по дома, не излегуваме многу. Имам 77 години и прв пат слушам за вакви работи. Имало многу вируси досега, но ова изгледа или е пратено или е смислено за да се намали народот“

„Се плашам да ви кажам. И тоа многу се плашам“.

„Тешко е. Голема психа се создава. Секој што мисли со главата треба да стравува. Не знаеш со кого имаш допир“.

„Доколку не се почитуваат препораките, ќе се шири вирусот. Мислам дека со доаѓањето на потопло време самиот ќе се изгуби. Како се штитам. Не одам на големи собири кои се и така откажани и одбегнувам грипозни пријатели“

Некои пак не стравуваат од новиот вирус.

„Не се плашиме, зошто да се плашиме. Светот има седум милијарди жители, сите не ќе си одат, ќе остани нешто. Се штитиме, се миеме добро, се чистимe“.

„Не се плашам. Зошто да се плашам. Ако треба да умрам ќе умрам, тој ден кој господ ми го одредил од корона или од било што. Не се плашам“.

Но и покрај многуте препораки да не се патува, сепак има и такви кои дошле во Охрид за да го посетат градот.

„Да се плашевме, немаше да дојдеме во Охрид. Остануваме до петок, а потоа ќе одиме малку до Скопје да се прошетаме. Можеби е ризично, но човек не треба да се плаши“.

Други пак сметаат дека туристи во овој период во Охрид не треба да има.

„Треба да има стационари, карантини, да не се прошири, да не шетаат туристи во Охрид и туристи да не доаѓаат во Охрид. Велат ќе изгубеле туристичките агенции. Подобро да изгубат пари, отколку животи да се изгубат. Страшно е, никој не може да остане имун на тоа“.

Министерството за здравство излезе со препораки до граѓаните, кои се јавно достапни, а со цел нивна лична и заштита на јавното здравје.

XS
SM
MD
LG