Линкови за пристапност

За Меркел, САД повеќе не се сигурен партнер


Германската канцеларка Ангела Меркел останува посветена на транс-атланските односи, изјави нејзиниот портпарол, откако таа посочи дека САД веќе не се сигурен партнер.

„Транс-атлантските односи се толку важни за оваа канцеларка, и од нејзина гледна точка, таа е во право кога зборува искрено за разликите“, рече портпаролот Стефан Сеиберт, за време на денешната прес-конференција.

„Времето за кое можевме целосно да сметаме на другите е завршено, врз основа на искуството кое го имав изминатите неколку дена“, рече Меркел, обраќајќи се на предизборен митинг во Баварија.

Таа остро ја критикуваше одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп, на неодамнешниот состанок на Г-7 во Сицилија да не даде поддршка за Договорот за климатски промени, постигнат во Париз во 2015-та. Сите земји од групата Г-7 освен САД, ветија акција за ублажување на климатските промени. Меркел изјави дека овој договор е толку важен, што не треба да се има никаков компромис околу тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG