Линкови за пристапност

Што по средбата Трамп Ким Јонг Ун?


Мал број на аналитичари веруваат дека севернокорејското раководство наивно ќе се откаже од нуклеарното оружје

Што сега?

Тоа е прашањето кое се поставува во Вашингтон, Сеул и Пјонгјанг.

По историското ракување меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Јог Ун и потпишувањето на историскиот договор, прашањето кое се наметна е што всушност ќе се промени на Корејскиот Полуостров?

Трамп за ова му зададе обврска на државниот секретар Мајк Помпео, кој се очекува да биде инволвиран во реализирањето на вистинската промена, денуклеаризацијата. Многумина се прашуваат дали Помпео кој пред една деценија раководел со компанија за нафтена опрема е вистинскиот човек за задачата.

Меѓутоа, во неговата биографија има индикации за способностите: Прв во својата класа во Воената академија на САД, член на разузнавачката комисија на Претставничкиот дом, кратко време директор на ЦИА и две средби со Ким Јонг Ун во Пјонгјанг. Можеби тој е најподготвениот американски официјален претставник да ја разреши загатката на Пјонгјанг.

Ретко може да се изберат само неколку зборови за да се опише геополитичката ситуација. Тешко е да се сфати стремежот на Корејците од двете страни на 38-та паралела за повторно обединување и покрај големата идеолошка поделба. Корејците се амбивалентни во поддршката и децениското мешање од моќните светски сили, иако во голема мера, се` зависи од Пекинг и Вашингтон.

Она што аналитичарите во Северна Кореја го заклучиле е непоколебливото верување во справедливоста на династијата на Ким, и покрај трагичната и брутална цена која ја плаќа народот. Гладот и подготвеноста да се умре, не е се висока цена која треба да се плати за опстанок на режимот, исто како и целта да се има нуклеарно оружје за асиметрична борба против огнената моќ на Пентагон.

Мал број на аналитичари од Запад веруваат дека севернокорејското раководство наивно ќе се откаже од оваа предност.

Меѓутоа, ако Пјонгјанг се откаже од нуклеарното оружје, може да се постигнат многу долгорочни цели на Пјонгјанг - олеснување на санкциите, мировен договор со САД, дипломатско признавање и што е најважно, обезбедување на иднината на семејството на Ким Јонг Ун.

Она што е непознато е дали Ким Јонг Ун е главниот организатор или тој е убеден од одредена фракција да ја зазеде оваа позиција.

За изненадување е и фактот дека хиерархијата на Северна Кореја не е монолитна. Како и во секое елитно општество, дури и она што се смета за тоталитарно, постојат различни филозофии, лични расправии и ривали кои бараат поголема моќ.

Засега, и покрај ракувањето и потпишаниот документ, армиите на САД и Јужна Кореја остануваат подготвени да се справат со евентуална закана од Пјонгјанг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG