Линкови за пристапност

Анализи во одбрана и здравство за можното лекување украински војници во македонските болници


Од регионот единствено Хрватска на лечење и рехабилитација прима тешко ранети украински војници
Од регионот единствено Хрватска на лечење и рехабилитација прима тешко ранети украински војници

Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Северна Македонија во својата структура го има воено-медицинскиот центар кој може да пружи општа медицинска помош, односно амбулантско лекување, но не и да лекува во болнички услови, велат од Одбрана.

За македонските институции прифатлива е идејата ранети украински војници да се лекуваат и рехабилитираат во земјава. Во моментот во одбрана и здравство се прават анализи на капацитетите со кои располага државата. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на неодамна одржаниот самит Украина-Западен Балкан, на оваа тема разговарал со неговиот македонски колега Пендаровски, Северна Македонија.

„Ставот на Министерството за здравство во однос на лекување и рехабилитација на украински војници во земјава е позитивен. Во тек се анализи на капацитетите како би можело да се изнајде решение и да се излезе во пресрет за лекување и рехабилитација на војниците од Украина доколку е побарано од нивна страна“, велат од министерството за здравство.

Од Министерството за одбрана, пак, за Глас на Америка велат дека Северна Македонија својот став за поддршката на Украина го има јасно и јавно изразено многупати досега. Поддршката велат за рехабилитација на украински војници е позитивен, и оти анализите за начинот на нејзиното спроведување е во тек.

Убедени сме дека доколку се упати такво барање од украинската страна ќе може да се најде решение и да се излезе во пресрет
Министерство за одбрана

„Министерството за одбрана, односно Армијата на Република Северна Македонија во својата структура го има воено-медицинскиот центар кој може да пружи општа медицинска помош, односно амбулантско лекување, но не и да лекува во болнички услови. Течат анализите за начинот на кој ќе се пристапи кон можноста за ваков тип на поддршка со Министерството за здравство, но убедени сме дека доколку се упати такво барање од украинската страна ќе може да се најде решение и да се излезе во пресрет на земјата која има за цел да го одбрани својот суверенитет од руската агресија“, се вели во одговорот од Одбрана.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска неодамна рече дека министерството со кое таа раководи ќе ги стави на располагање сопствените капацитети, врз основа на претходно направена проценка со сите институции.

„Во рамките на Министерството за одбрана постојат капацитети кои можат соодветно да бидат ставени на располагање. Немаме сè уште конкретен датум, но Министерството за одбрана и армијата се подготвени и брзо и веднаш да реагираат“, изјави Петровска.

На воениот полигон Криволак се обучуваа и украински војници (Илустративна фотографија)
На воениот полигон Криволак се обучуваа и украински војници (Илустративна фотографија)

Во прилог на ова вели министерката оди и искуството кое министерството и армијата го имаат, со тренинзите кои ги спровеле на крајот на минатата година, за околу 120 припадници на украинската армија, кои биле обучувани на тренинг центарот Криволак.

Од регионот единствено Хрватска на лечење и рехабилитација прима тешко ранети украински војници. Тие се сместуваат во здравствените установи во државата во зависност од видот на повредите. Првата група од 17 војници во Загреб, пристигнале во април 2023 година.

Инаку по самитот Украина-Западен Балкан, Зеленски објави дека посебно внимание било посветено на формирањето на центар за рехабилитација на ранети деца и војници од Украина со помош на балканските држави.

XS
SM
MD
LG