Линкови за пристапност

Анализа: Каков пат фаќа Грузија, кон Западот или кон Москва?


Протести во Грузија
Протести во Грузија

ЕУ лани ѝ додели кандидатски статус на Грузија, но аналитичарите велат дека владата, предводена од најбогатиот човек во земјата, се свртела кон Русија по инвазијата на Украина. Критичарите предупредуваат дека демократската иднина на Грузија е во залог на изборите во октомври. Известува Хенри Риџвел.

Грузијците го нарекуваат „стаклен замок“. Замок од педесет милиони долари со поглед на Тбилиси, со аквариум за ајкули и хелиодром. Тоа е дом на милијардерот Бидзина Иванишвили, најбогатиот олигарх во Грузија - и основач на владејачката партија - Грузиски сон.

Демократската иднина на Грузија насочена кон неизвесност
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:10 0:00

„Иванишвили е вистинскиот владетел на оваа земја. Тој поседува една третина од грузискиот БДП и своето богатство го стекна во Русија кон крајот на 90-тите. Тој сè уште има интереси во Русија преку неговите офшор компании - и не само тој, туку и членовите на неговото семејство. Дали е можно, или е реално да се очекува од таков поединец дека ќе направи се за Грузија да стане членка на ЕУ и НАТО? Мислам, не“, вели Ека Гигаури од Транспаренси интернешнл од Грузија.

Таа битка за иднината на Грузија - како дел од Западот или во гео-политичката орбита на Русија - се одвива по улиците на Тбилиси. Таканаречениот закон за „странски агенти“, како оној во Русија, ја поттикна опозицијата да излезе по улиците пред изборите во октомври.

Се обидуваат да ги прикажат САД и ЕУ како некој вид непријател на грузиските семејни вредности
Ака Заркуа, Центар за мониторинг на власта

Антивладините демонстранти покажуваат солидарност со Украина во нејзината борба против руската доминација.

Протестите го истакнаа Иванишвили во центарот на интересот на јавноста. На про-владиниот митинг во април, тој рече дека западната „глобална коалиција за војна“ се меша во Грузија.

„Руската инвазија на Украина го принуди да појасни и да заземе страна. И тој не сакаше - но на крајот се движеше повеќе кон руска насока - иако Грузискиот сон се обидува да го скрие тоа, а не да го каже отворено. Иванишвили донесе стратешка одлука дека Русија победува во оваа војна, така што ние треба да останеме со победникот, потенцијалниот победник, како што тој го виде тоа“, вели Гиа Нодиа, политички аналитичар од Универзитетот Илиа.

Критичарите велат дека партијата Грузиски сон игра на картата на загриженоста кај граѓаните.

„Главната пропагандна линија во моментов е дека „ако сме надвор од власта, војната со Русија е неизбежна“. Тие се обидуваат да ги прикажат Западот и западните земји - особено САД и Европската Унија - како некој вид непријател на грузиските традиционални интереси и семејни вредности“, смета Ака Заркуа од Центарот за мониторинг на власта.

Владините поддржувачи ги негираат ваквите обвинувања.

„Главната цел на грузиската влада е да го одржи мирот“, тврди парламентарецот Фридон Инјиа.

Опозицијата вели дека Западот требало да биде повнимателен кон вистинската лојалност од партијата на Грузискиот сон.

„Тоа е недостаток на фокус, на внимание и, генерално, недоразбирање дека она што се случува во Грузија е дел од оваа поголема конфронтација со Русија“, посочува Гига Бокериа од Европската грузиска партија.

Аналитичарите велат дека законот за странски агенти ги политизирал помладите генерации, кои се решени да принудат промена на власта на изборите во октомври. Други предупредуваат дека Иванишвили е итар политичар, кој нема да се откаже од власта без борба.

XS
SM
MD
LG