При посетата на Данска, украинскиот претседател Володимир Зеленски се качи во пилотската кабина на еден од борбените авиони Ф-16. По неколку месеци обиди, Киев обезбеди испорака на авионите.
По обраќањето во данскиот парламент, Зеленски разговараше со илјадниците луѓе кои се собраа надвор за да ја покажат својата поддршка.
„Ви благодарам вам и на цела Данска, на сето оружје што го давате за да ја заштитите слободата и за борбените авиони Ф-16 што се договоривме. Ви благодарам", рече Зеленски.
За да добиете каква било динамика на терен треба да ја имате таа способност за напад од воздух - значи способност за напад од воздух-копно. Борбените авиони Ф-16 го можат тоа.Патрик Бури, Универзитетски аналитичар
Данска планира да обезбеди 19 борбени авиони од типот Ф-16, а обуката на украинските пилоти веќе е во тек. Постои оптимизам дека првите авиони ќе пристигнат до крајот на годината. Од Холандија, каде беше Зеленски, тој рече дека има на располагање 42 борбени авиони од Ф-16. И двајцата сојузници ја надградуваат сопствената флота на помодерни борбени авиони од петта генерација.
Руските сили моментално имаат огромна воздушна супериорност - иако воздушната одбрана на Украина, зајакната со современите западни системи, се покажа како ефикасна.
Актуелно, Украина има стари авиони кои датираат од советската ера.
Американските борбени авиони Ф-16 ќе понудат многу поголема огнена моќ, и ќе им помогнат да се одбранат од руските авиони, ракети и беспилотни летала - а исто така ќе ѝ понудат на Украина можност безбедно да напаѓа цели стотици километри подалеку, длабоко во територијата што ја контролира Русија, вели безбедносниот аналитичар Патрик Бури.
„За да добиете каква било динамика на терен треба да ја имате таа способност за напад од воздух - значи способност за напад од воздух-копно. Борбените авиони Ф-16 го можат тоа. И навистина важна улога во ова - е дека Ф-16 се прилично добар во сузбивањето или уништувањето на непријателската противвоздушна одбрана“, вели Бури.
Украина бара борбени авиони Ф-16 од почетокот руската инвазија во февруари 2022 година - но западните сојузници беа воздржани, стравувајќи од ескалација на војната. Ќе бидат потребни месеци за да се обучат украинските пилоти. Доцнењето може да биде скапо, вели Бури.
„Искрено, сè уште мислам дека е предоцна. Политиката се движи. Ќе видиме што ќе се случува. Дали Украина ќе може да биде подготвена со борбените авиони Ф-16 - доволно обучени и подготвени", додава Бури.
Засега, копнената офанзива на Украина продолжува полека – со минимална воздушна поддршка.
Аналитичарите велат дека одлуката на Западот да испорача Ф-16 има за цел да ги зајакне долгорочните можности на Украина да се одбрани од руската агресија.
Facebook Forum