Две лица загинаа, а 35 други се повредени кога патнички воз на компанијата Амтрак, излетал од шините во сојузната држава Пенсилванија.
Возот патувал од Њујорк до Савана, Џорџија, кога удрил во тешко парче опрема што било на шините, засега не се знае од кои причини.
Локомотивата се превртела, а возот превезувал околу 350 патници и членови на екипажот. Надлежните соопштија дека двете загинати лица работеле во компанијата како механичари. Истрагата е во тек.
Сообраќајот на споменатата линија е вратен во нормала.