Воз на компанијата Амтрак во сојузната држава Вашингтон, излетал од шините и дел од вагоните и натаму висат над автопат.
Локалните власти соопштија дека во инцидентот има неколку жртви и десетици повредени.
Од Амтрак потврдија дека се работи за воз број 501, кој сообраќал на релација Сиетл - Портланд, во Орегон.
Во моментов во прекин е железничкиот сообраќај јужно од Сиетл.
Засега не е позната причината за несреќата, а според последните извештаи, можно е да се работи за човечка грешка.
Истрагата е во тек.
Facebook Forum