Линкови за пристапност

Амнести интернешнл: Мадуро направил злосторство против човештвото


Организацијата бара Меѓународниот кривичен суд во Хаг да размисли да презеде мерки против Владата во Венецуела

Амнести интернешнл вели дека верува оти режимот на Мадуро направил криминал против човештвото во Венецуела, и бара истрага од Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во новиот извештај на организацијата, групите за човекови права велат дека имало високо ниво на координација меѓу безбедносните сили во Венецуела да го „елиминираат“ секој што е осомничен за спротивставување на претседателот Николас Мадуро.

Амнести интернешнл го повика Советот за човекови права на Обединетите нации да организира панел за истрага наредниот месец, како и Меѓународниот кривичен суд во Хаг да размисли да презеде мерки против Владата на Мадуро.

Опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се самопрогласи за претседател на Венецуела, користејќи ја неговата уставна моќ како претседател на Националното собрание да го прогласи за измама реизборот на Мадуро.

Неговите напори засега не успеаја, бидејќи Мадуро се` уште има поддршка од Армијата на Венецуела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG