Линкови за пристапност

Смртната казна во 2012-та извршена во 21 земја


Ист број како лани, но за 25% помалку од пред една деценија, наведува Амнести интернешенал во најнов извештај.

Mинатата година 21 земја извршила судска смртна казна - исто колку и 2011-та, но тоа е сепак за 25% помалку од пред една деценија, наведува организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнал во својот најнов извештај.

2012-та година биле погубени 682 лица во светот, според Амнести.

Во Ирак имало најголем пораст 129, а разлика од 68 во 2011-та.

Кина погубила илјадници, најмногу од сите други земји, но недостатокот на податоци прави да биде невозможно да се потврди точниот број. Амнести ја повика кинеската влада да објави врз колку лица била извршена казната.

Иран се наоѓа на второто место, со најмалку 314 погубувања, од кои голем број за кривични дела поврзани со дрогата. Организацијата наведува дека има „веродостојни извештаи“ за многу повеќе погубувања во земјата и дека случаите што завршиле со смртна казна во Иран, Ирак и други земји честопати претставуваат прекршување на стандардите за праведен судски процес.

Саудиска Арабија погубила 79 затвореници, додека САД - 43.

Амнести е против смртната казна, во сите случаи, и се залага за нејзино укинување.
XS
SM
MD
LG