Линкови за пристапност

Македонија е бавна во криминалното гонење

Македонија е бавна во криминалното гонење
Македонија е бавна во криминалното гонење

Напредокот е бавен во областа на криминалното гонење. Анти-дискриминаторската легислатива не е во согласнот со меѓународните стандарди. Слободата на медиумите опаднала. Ова се заклучоци во годишниот извештај на Амнести интернешенал за Македонија во 2010.

2010-та заврши со народно востание во Тунис што го принуди долгогодишниот лидер на државата да се симне од власта. Потоа, во новата година, слични јавни демонстрации го принудија автократскиот претседател на Египет, Хосни Мубарак, да ја напушти власта.

Амнести интернешенал во својот годишен извештај вели дека слободата на изразување е моќно средство за промена.

Експертот за Блиски исток на Амнести, Филип Лутер вели дека настаните во Египет и Тунис ја покажуваат моќта на луѓето, без оглед каква е нивната историја.

„Луѓето кои излегоа на улиците беа од секаде. Некои беа едни од најмаргинализираните во општеството. Меѓу нив беа жени и лица со различни политички убедувања“.

Таванда Хондора од Амнести интернешенал вели дека вели дека истата приказна е и во неколку суб-сахарски африкански држави.

„Гледаме, на пример, ситуација во Уганда каде опозицијата се обидува да демонстрира и оркестрира востанија што бидат слични на оние кои се случуваат во Северна Африка. Гледаме слични ситуации во Свазиленд каде исто така имаше демонстрации, и во Зимбабве, но тие беа брутално задушени исто како во Уганда."

Но, според Амнести, 2010-та не беше полна само со лоши вести.

Групата вели дека властите во Гана, Нигерија и Кенија прекинале присилни иселувања по јавните протести. И во Европа, Амнести посочува на напредок во донесување правда за одговорните за криминални дела во поранешна Југославија во 1990-те.

Во делот за Македонија извештајот вели дека во 2010-та доминирал проблемот со името со Грција, во меѓународната и домашната политика. Односите се влошиле и на меѓуетнички план, со етничките Албанци, во врска со гонењето по воени кривични дела, предложениот попис за 2011 и градењето споменици од македонската историја. Во правосудниот систем се потребни реформи, а продолжува и лошиот третман на полицијата спрема граѓаните.

Новинарите во Македонија се жалат на мешање на владата во нивната работа, преку закани по живот и друг вид заплашувања.

Амнести исто така го забележува ослободувањето на Ан Сан Су Чи во Бурма. Добитничката на Нобелова награда за мир мина 15 од последните 21 години во куќен притвор. Но Амнести додава дека илјадници други политички затвореници се` уште се држат во затвори.

Лутер вели дека слободата на изразување е клучот за надминување на неправдата. Кога слободата на говорот се почитува, вели Лутер, луѓето можат да донесат социјални и економски промени, како и политичка револуција.

Годишниот извештај вели дека имало незаконски ограничувања на слободата на изразувањето во 89 држави во светот. Тортура и друг лош третман биле употребени во 98 држави во 2010 и организацијата испитувала нефер судења во 54 држави.

XS
SM
MD
LG