Линкови за пристапност

Американските сенатори се надеваат на средба со Шји Џипинг


Следната недела ќе ја посети делегацијата
Следната недела ќе ја посети делегацијата

Двопартиска група американски сенатори кои ќе ја посетат Кина следната недела се надеваат дека ќе се сретнат со кинескиот претседател Шји Џинпинг.

Водачот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер и републиканскиот сенатор Мајк Крапо се меѓу оние што ќе го направат патувањето.

Канцеларијата на Шумер минатиот месец соопшти дека патувањето ќе вклучи и застанувања во Јапонија и Јужна Кореја.

Турнејата доаѓа во време кога американските власти го зајакнаа ангажманот со кинеските претставници, вклучително и посетите на Кина на државниот секретар Антони Блинкен, секретарката за финансии Џенет Јелен и секретарката за трговија Џина Раимондо.

Освен што ја изразија потребата за отворени линии на комуникација, американските официјални лица, исто така, ја истакнаа потребата за решавање на прашања како што се трговијата и предизвиците со кои се соочуваат американските бизниси кои работат во Кина.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Ројтерс

XS
SM
MD
LG