Конгресмените се враќаат на работа во Капитол со свежи сили да се обидат да спречат затворање на владата, додека републиканците во Претставничкиот дом, исто така, размислуваат дали да продолжат со истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден.
Тие ќе ја разгледаат мерката за краткорочно финансирање за целосно да функционираат владините канцеларии и да обезбедат итни средства за Украина и федералните фондови за катастрофи.
На дневен ред е и истрагата на републиканците за деловните зделки на Хантер Бајден во странство.
Времето е кратко за Конгресот да постапи по буџетот. Домот треба да се состане само 11 дена пред да заврши фискалната година на владата на 30 септември.
Склучувањето договор ќе се одвива додека републиканскиот сенатор Мич Меконел и пратеникот Стив Скализ се борат со здравствени проблеми.