Линкови за пристапност

Американскиот Оддел за правда го тужи Тексас поради поставување бариери во реката Рио Гранде


Американскиот Оддел за правда во понеделникот го тужеше Тексас поради пловечки бариери поставени од сојузната држава во реката Рио Гранде за да ги блокира мигрантите што минуваат од Мексико.

Властите во југозападната американска држава почнаа да поставуваат низа пловци на средината на реката во близина на градот Игл Пас минатата недела, дел од иницијативата на републиканскиот гувернер Грег Абот наречена Операција Осамена ѕвезда за одвраќање на мигрантите.

Во тужбата се бара од федералниот судија да го принуди Тексас да ја отстрани линијата од околу 305 метри со светло портокалова боја, за кои администрацијата на Бајден вели дека предизвикува хуманитарни и еколошки грижи.

„Нема добронамерни напори овде во она што го прави гувернерот Абот. И единствената личност, единствената личност која сее хаос е гувернерот Абот. Тоа е она што тој продолжува да го прави - политички акробации на нехуман начин. Тој активно го поткопува нашиот план за спроведување на границите, кој повторно има најниско ниво на незаконски гранични премини во повеќе од две години. Тој го отежнува ова. И затоа тој не работи со добра волја овде”, изјави Карин Жан-Пјер, прес-секретарка на Белата куќа.

Бариерите се последната ескалација на операцијата за гранична безбедност на Тексас, која вклучува и оградување со жица, апсење мигранти под обвинение за прекршување и испраќање автобуси со баратели на азил во градовите предводени од демократите во други држави.

Критичарите долго време ја доведуваат во прашање ефективноста на двегодишната операција, позната како Операција Осамена ѕвезда, а извештајот на државен војник овој месец за мерките со кои се повредени мигрантите ја стави мисијата под засилена нова контрола.

Бројот на мигранти фатени како илегално ја минуваат американско-мексиканската граница е намален откако Бајден во мај спроведе рестриктивна нова политика за азил. И покрај тоа, околу 100.000 беа уапсени во јуни.

XS
SM
MD
LG