Линкови за пристапност

Американски безбедносни претставници се сретнаа со законодавци за мистериозните летови на дронови


На оваа фотографија од 29 април 2018 година, се гледа оператор на дрон во Њујорк
На оваа фотографија од 29 април 2018 година, се гледа оператор на дрон во Њујорк

Претставници на Одделот за домашна безбедност во Њу Џерси се собраа со државните и локалните законодавци денес да разговараат за неодамнешниот бран на појавување на дронови низ целата држава.

Десетици мистериозни ноќни летови започнаа минатиот месец и предизвикаа зголемена загриженост кај жителите и официјалните лица.

Дел од загриженоста произлегува од летечките објекти кои првично беа забележани во близина на воен истражувачки и производствен капацитет на САД, и над теренот за голф на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Бедминстер.

Беспилотните летала се легални во Њу Џерси за рекреативна и комерцијална употреба, но тие се предмет на локални и федерални прописи и ограничувања за летови.

Операторите мора да бидат сертифицирани од Федералната управа за воздухопловство. Повеќето, но не сите, дронови забележани во Њу Џерси беа поголеми од оние што обично се хористат за хоби.

Бројот на забележани дронови се зголеми во последните денови, иако официјалните лица велат дека многу од видените објекти можеби биле авиони, а не дронови.

Исто така, можно е едно беспилотно летало да е пријавено повеќе од еднаш.

Гувернерот Фил Марфи и полицијата нагласија дека се чини оти беспилотните летала не ја загрозуваат јавната безбедност.

ФБИ истражуваше и побара од жителите да споделат видеа, фотографии или други информации што можеби ги имаат.

Многу локални законодавци побараа повеќе ограничувања за тоа кој има право да управува со беспилотните уреди.

Најмалку еден предложи привремена забрана за летови со беспилотни летала во државата.

XS
SM
MD
LG