Линкови за пристапност

Американската компанија соопшти дека нејзиниот обид за слетување на Месечината е загрозен поради проблем со моторот


Приватна компанија соопшти дека нејзиното слетување на Месечината е загрозено откако проблем со погонот го спречи новото лансирано летало да се насочи кон сонцето за да добие енергија.

Астроботик Технолоџи со седиште во Питсбург се обидуваше да го ориентира лендерот кон сонцето за да може неговиот соларен панел да собира сончева светлина, бидејќи моќта на батеријата се намалуваше.

Проблемот настанал околу седум часа по полетувањето во понеделникот пред зори од вселенската станица Кејп Канаверал. Ракетата Вулакн на Обединетата лансирачка алијанса го подигна лендерот на Астроботик, наречен Перегрин, ставајќи го на долга кружна патека до Месечината.

Ако погонскиот систем е виновен, тоа „ја загрозува способноста на вселенското летало меко да слета на Месечината“ на 23 февруари, се вели во соопштението на компанијата.

„Продолжуваме да собираме податоци и да ја известуваме нашата најдобра проценка за она што го гледаме“, додаваат од компанијата.

Астроботик имаше за цел да биде првиот приватен бизнис кој успешно слета на Месечината, нешто што само четири земји го постигнаа. Вториот лендер од компанија од Хјустон треба да биде лансиран следниот месец. НАСА им даде милиони на двете компании за да изградат и да летаат со свои летачи на Месечината.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG