Линкови за пристапност

Во САД се празнува Денот на претседателите


Американците го слават Денот на претседателите, федерален празник во чест на сите американски претседатели.

Празникот се слави во третиот понеделник од февруари, во месецот на раѓање на двајцата најистакнати претседатели на земјата - Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД и Абрахам Линколн, кој ја водеше земјата низ Граѓанската војна.

Иако некои американски работници имаат слободен ден, вклучително и федерални вработени и банкари, многумина работат денес.

Се одржува среде зима, празникот не е поврзан со скари и излети како летните празници и често се користи како можност компаниите да понудат попусти на автомобили и други малопродажни артикли.

Почетоци на празнувањето

Денот на претседателите започна да се слави со прославување на роденденот на Џорџ Вашингтон секоја година на 22 февруари.

Конгресот официјално го назначи денот за федерален празник во 1968 година, кога исто така го премести во третиот понеделник во февруари за да го направи тридневен викенд.

Во тоа време, некои се залагаа дека празникот треба да го вклучи и прославата на роденденот на Линколн, кој се паѓа на 12 февруари, а празникот да се преименува од Роденден на Вашингтон во Ден на претседателите.

Законодавците ја отфрлија таа идеја, а празникот се уште официјално се нарекува Роденден на Вашингтон.

Сепак, тој ден сега е познат како Ден на претседателите и повеќето го гледаат како прослава на сите претседатели на САД.

46. претседател

Кога Џо Бајден беше инаугуриран на 20 јануари 2021 година, тој стана 46-тиот претседател на земјата.

Тој е 15-ти претседател кој претходно ја извршуваше функцијата потпретседател. Од нив, осум ја презеде претседателската функција поради смртта на претседателот, додека еден - Џералд Форд - ја презеде функцијата по оставката на претседателот Ричард Никсон.

Бајден, кој беше во времето на претседателот Барак Обама, е само вториот потпретседател кој претседателствувал најмалку еден мандат. Единственото друго лице што го стори тоа беше Никсон, кој беше потпретседател на претседателот Двајт Ајзенхауер од 1953 до 1961 година, но претседателската функција ја освои дури во 1968 година.

Бајден, кој исто така работеше во Сенатот 36 години, го следи трендот на претседатели кои претходно служеле во Конгресот, станувајќи 26-ти претседател кој претходно бил конгресмен или сенатор.

Седумнаесет сенатори стигнаа до Белата куќа, вклучувајќи го и Бајден, но само тројца сенатори отидоа директно од Сенатот во Белата куќа - Ворен Г. Хардинг, Кенеди и Обама.

Бајден е вториот католички претседател, по Кенеди, додека сите други претседатели беа протестанти.

Ниту еден претседател не бил Евреин или муслиман, и иако никој јавно не исповедал атеизам, Томас Џеферсон, Линколн и Вилијам Хауард Тафт се сметале за агностици или атеисти.

Бајден е уникатен по тоа што е најстариот претседател што влегол во Белата куќа, на 78-годишна возраст, надминувајќи го Доналд Трамп кој претходно ја имаше титулата, стапувајќи на функцијата во 2017 година на 70-годишна возраст.

Најмладиот претседател Теодор Рузвелт стана претседател на 42-годишна возраст, а потоа Кенеди, кој влезе во Белата куќа на 43-годишна возраст.

XS
SM
MD
LG