Линкови за пристапност

Американски дипломат обвинет за измама од 240.000 долари


Американски дипломат обвинет за измама од 240.000 долари

Американски дипломат е во бегство по сомневања дека измамил жена за речиси 200.000 долари

Американски дипломат е во бегство по сомневања дека измамил жена за речиси 200.000 долари. Јужнокорејската полиција соопшти дека лицето кое било вработено во американската амбасада во земјата од жена – вдовица зел 194.000 долари, со изговор дека парите ќе бидат употребени за изградба на училиште на Филипините.

За истата измама, дипломатот е обвинет и во американската сојузна држава Калифорнија. Обвинителите го идентификуваа лицето како Дарио Томас, обвинет за измама на инвеститори за 240.000 долари за неговото училиште во Филипините. Тие наведуваат дека Томас креирал електронски адреси под лажно име и на инвеститорите им праќал пораки дека проектот напредува.

Томас побегнал од Филипините на 3-ти март, само два дена пред да му биде одземен дипломатскиот имунитет.

XS
SM
MD
LG