Со солзи, но овојпат радосници, 45-годишната Американската Кенди Данлап денеска ја напушти судницата во Скопје. Задоволна е од пресудата од две години условна затворска казна и 10-годишна забрана за влез во Македонија, во случајот кој на 28-ми септември беше фатена на аеродромот Александар Велики на заминување од Македонија, со стари монети и други артефакти.
На рочиштето пред една недела, Данлап со солзи во очите ги убедуваше судиите дека не знаела колкаво богатство носи во својата торба, како и дека тие за неа значеле многу, но на поинаков начин - биле благодарност од жителите на штипско, за нејзината хуманитарна мисија како медицинска сестра.
Обвинителството, пак, тврдеше дека се работи за шверц на македонското културно богатство.
Судијката, образложувајќи ја пресудата, рече дека Данлап со умисла се обидела да ги изнесе археолошките предмети - 256 стари монети и други археолошки вредности.
Според анализите, некои од монетите потекнувале од вториот век пред нашата ера. Тие беа одземени од Данлап и ќе бидат вратени на државата.
Данлап и нејзиниот сопруг со нетрпение ја дочекаа судската одлука, се откажаа од правото на тужба, ги платија судските трошоци околу 14.000 денари и најавија дека веднаш ќе се вратат дома.
Кендис пред судењето речиси еден месец мина во притвор во Истражниот затвор во Шутка.