Американскиот Оддел за правда и претставници на сојузните држави се обидуваат да го блокираат соединувањето на Американ ерлајнс и Ју-Ес ервејз, што би ја создало најголемата авиокомпанија на светот.
Помошникот главен обвинител Бил Баер изјави дека соединувањето би наштетило на конкуренцијата, а патниците би морале да платат вкупно стотици милиони долари повеќе годишно за такси и авио-билети. Милионите патници во САД веќе трошат 70 милијарди долари годишно во авиосообраќајот.
Баер изјави дека компаниите веќе се имаат изјаснето дека се доволно силни да работат одвоено.
Вредноста на акциите на обете компании опадна веднаш по веста. Авиокомпаниите последниве години искусија потешкотии во работењето поради англо зголемените цени на горивото и безбедноста.