Американците земаат лекови на рецепта повеќе од кога и да е порано, за третман на болести како дијабетесот и високиот крвен притисок, болести коишто во голем дел можат да бидат спречени.
Ова е особено присутно меѓу постарите лица, од 65 години, нагоре.
Но, во студијата биле опфатени и многу помлади лица, почнувајќи од 20-годишна возраст, по што научниците дошле до слични резултати.
Еден од најчесто употребуваните лекови е статин којшто го намалува ризикот од мозочен удар, срцев удар и други компликации на срцето, кај лица со дијабетес и срцеви заболувања. Студијата открила во моментов, овој лек го земаат речиси осум проценти од сите возрасни лица во САД.
„Кога ќе ги разгледаме 10-те најчесто употребени лекови во 2011 и 2012-та година, повеќето од нив се земаат за проблеми поврзани со кардиоваскуларни заболувања, како и за факторите што придонесуваат за вакви заболувања, како прекумерната тежина“, коментира докторката Елизабет Кантор
Истражувачкиот тим воедно открил дека бројот на луѓето коишто земаат повеќе видови на лекови во рок од 10 години се зголемил за речиси двојно. Податоците се споредени за периоди од две години, од 1999-та до 2000-та и од 2011-та до 2012-та.
Студијата ја спроведена од научници на Школата за јавно здравје при Универзитетот Харвард и е објавена во Журналот на Американската медицинска асоцијација.