Супермаркетите продаваа прехранбени производи, но и многу непрехранбени производи, како лекови и производи од хартија. И бидејќи овие супермаркети беа дел од синџири на продавници, тие можеа да купуваат стока по пониски цени и да продаваат поевтино.
Но, сега дуваат различни ветришта за овие лавови во американската трговија. И тие почнуваат да стануваат истиснувани, и тоа од две насоки.
Големи супер-супермаркети ги намалуваат нивните цени и нудат наизглед бескраен избор на производи. Тоа се таканаречените дисконтни продавници, како „Wall-mart” и “Costco”, некои големи колку кварт во населба, кои ги прошируваат своите оддели за месо и прехранбени производи и нудат многу облека, накит и електроника. Цените на обичните супермаркети не можат со нив да се натпреваруваат.
Супермаркетите се истиснувани и од друга страна – од убави продавници како „Whole Foods“ и „Trader Joe’s“. Тие им нудат на муштериите органска храна, свежа риба, увезено сирење, гурмански готови јадења и пробување на храна и вино. Дури и некои старовремски продавници што нудат етнички специјалитети одземаат дел од базата на муштерии на супермаркетите и нивниот профит.
Супермаркетите сега гледаат како нивните довчерашни муштерии купуваат свеж леб и убаво месо од луксузната продавница подолу на улицата, за потоа да продолжат до големата дисконтна продавница за голем пакет ролни тоалетна хартија и други хартиени производи по намалени цени.
Купувачите и натаму застануваат во традиционални супермаркети за путер од кикирики, млеко и краставички. Но можеби не толку често како кога се полнеше цела количка до врвот со производи од таму еднаш неделно.