Линкови за пристапност

Пронајдените коски можно е да се оние на авијатичарката Амелија Ерхарт

Антрополог од Тенеси тврди дека мистеријата од 1940-та, кога на напуштен пацифички остров беа пронајдени останки од авионската несреќа на Ерхард, е решена

Коските кои беа пронајдени во 1940-та година, на напуштен остров на Пацификот биле на изгубената легендарна авијатичарка Амелија Ерхарт, соопшти антропологот од Тенеси Ричард Џентс.

Во напис во списанието „Судска антропологија“, тој вели дека доказите се уверливи и оти тоа се нејзини останки.

„99 проценти сум убеден дека тие коски се на Амелија Ерхарт“, истакна Џентс.

Тој ги споредил коските на Ерхарт од фотографии и од нејзините пантолони, со 13-те коски кои биле пронајдени на островот.

Ерхрат исчезна кај Пацификот во обид да го прелета светот во 1937-та година. Имаше бројни теории што се случило со неа, вклучувајќи сведоци кои рекле дека била заробена од Јапонците.

Во 1932-та година, таа стана првата жена што сама го прелетала Атлантскиот Океан, слетувајќи во северниот дел на Ирска, 15 часа по полетувањето.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG