Линкови за пристапност

Дебелите Американци товар за локалните буџети


Дебелите Американци товар за локалните буџети
Дебелите Американци товар за локалните буџети

Центарот за контрола на болести на САД вели дека прекумерната дебелина ја чини земјата над 145 милијарди годишно. Локалните власти најповеќе го чувствуваат притисокот

Кога повик за помош доаѓа во Одделот за итни интервенции во општината Ен Арундел, персоналот што пружа помош не знае за каков пациент се работи додека не стигне на самото место.

Да бидат подготвени тие редовно вежбаат. На овој ден, вежбаат со специјална опрема дизајнирана за дебели пациенти.

Мајкл Кокс е раководител на одделот. Тој вели дека луѓето денес се поголеми од тоа што беа пред 20–30 години. Неговиот оддел пред 3-4 години ја идентификувал потребата од таква опрема и денес ја употребуваат.

Официјална статистика е дека еден на тројца Американци е дебел. Корпорацијата Ранд во студија од 2007 вели дека бројот на премногу дебели возрасни лица во САД расте два пати побрзо од бројот на умерено дебели.

Да се грижат за нив, службите за итна помош инвестираат во нова опрема. Оваа носилка, на пример, може да понесе пациент тежок 680 килограми.

Ваквите носилки се два до три пати поскапи од стандардните, што додава 25 илјади долари на цената на возилото. Потребата е толкава што продажбата на опрема за тешки луѓе е повеќе од удвоена за последниве десет години.

Но не е само тоа проблем. Помошта за дебели пациенти покрај опрема бара и повеќе луѓе кои ќе бидат обучени да одговорат на нивните специјални потреби. Понекогаш, во спасувачки операции за едно лице се потребни до десет лица медицински персонал.

XS
SM
MD
LG