Линкови за пристапност

Линда Томас-Гринфилд е новата амбасадорка на САД во Обединетите нации


Нејзината номинација денес беше потврдена во Сенатот, со поддршка и од над 20 републикански сенатори

Сенатот ја потврди Линда Томас-Гринфилд за амбасадорка на САД во Обединетите нации (ОН).

Таа беше потврдена со 78 наспроти 20 гласа. Линда Томас-Гринфилд, која беше избор на претседателот Џо Бајден за оваа позиција, доби двопартиска поддршка, вклучувајќи и над 20 републикански сенатори кои гласаа за неа, меѓу кои Линдзи Грем, Мит Ромни и лидерот на сенатското малцинство Мич Меконел.

Нејзината потврда доаѓа помалку од една недела, пред САД да го преземат претседателството со Советот за безбедност на ОН на први март.

Таа, исто така, ќе биде дел од Кабинетот на Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG