Линкови за пристапност

САД ги охрабруваат сите партии и организации да учествуваат во изборите


Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, порача: „Тоа е најдобриот начин за подобрување на институциите и обезбедување кредибилен процес “

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, преку социјалната мрежа Твитер порача дека имплементацијата на Договорот од Пржино е клучна за напредокот на земјата и дека САД ќе продолжат да ги поддржуваат подготовките за изборите.

„Имплементацијата на Договорот од Пржино е клучна за продлабочување на интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури, нешто што САД силно го поддржуваат. Оставката на премиерот е важен дел на тој процес. Ќе продолжиме да ги поддржуваме подготовките за изборите, особено работата на Државната изборна комисија, како и реформите во сферата на медиумите и пошироко. Времето е кратко. Ги охрабруваме сите партии и организации да учествуваат во изборите. Тоа е најдобриот начин за подобрување на институциите и да се обезбеди кредибилен процес. САД ќе го следат напредокот на овој процес и ќе направат свои проценки, исто како и ЕУ, ОБСЕ и други тела“, кажа амбасадорот Бејли во пораката на Твитер.

XS
SM
MD
LG