Линкови за пристапност

Кристофер Хил: Мошне добар ден за Србија


Кристофер Хил: Мошне добар ден за Србија
Кристофер Хил: Мошне добар ден за Србија

Поранешниот амбасадор во Македонија и добар познавач на ситуацијата на Балканот очекува Србија по апсењето на Младиќ побрзо да се придвижи кон ЕУ.

Кристофер Хил, кој сега е декан на Училиштето за меѓународни студии Џозеф Корбел на Универзитетот на Денвер, за Гласот на Америка на македонски коментира на апсењето на Ратко Младиќ:

Глас на Америка на македонски: Кој е вашиот став за апсењето на Ратко Младиќ?

Кристофер Хил: Ова е мошне добар ден, добар ден за Србија. Ратко Младиќ е еден од осомничените воени злосторници кои навистина треба да излезат пред суд. Мошне сум задоволен што српските власти го уапсија и со нетрпение очекувам Србија побрзо да се придвижи кон пристапување на Европската унија.

Глас на Америка на македонски: Како сметате дека ова ќе се одрази на евроатлантските шанси на Србија?

Кристофер Хил: Сето е мошне позитивно. Секако дека приклучувањето на евроатлантскиот систем налага завршување на работата и во други области, но знам дека српскиот народ е на висина на задачата. Како некој кој мина долго време на Србија во текот на мојата кариера, па дури и во детството, мошне сум задоволен со овој развој на настаните.

Глас на Америка на македонски: Некои сметаат дека ова апсење, како и она на Радован Караџиќ, па дури и елиминацијата на Осама бин Ладен, се` заедно претставуваат нова страница во меѓународната правда, во смисла на тоа дека оние кои се обвинети за воени злосторства не ќе можат повеќе да се кријат. Кој е Вашиот став?

Кристофер Хил: Мислам дека е точно. Може да бегаат, но не може да се сокријат. Порано или подоцна, ќе бидат пронајдени и изведени пред суд. Но, и покрај тоа, прашањата на меѓународното право се мошне комплексни, не се толку лесни за да се генерализира со нив, така што сум внимателен да не давам воопштени изјави, освен дека сум мошне задоволен што српските власти

XS
SM
MD
LG