Линкови за пристапност

Претставничкиот дом бара директорот на Амазон да сведочи за можни прекршувања на компетитивните практики


Според неодамнешен извештај на Вол стрит џурнал, Амазон користел чувствителни информации за продавачите на неговиот пазар, нивните производи и трансакции, за да развие сопствени компетитивни производи

Законодавците од Претставничкиот дом, кои водат истрага за доминација на пазарот на големите технолошки компании, бараат да сведочи директорот на Амазон Џеф Безос, со цел да одговори за потенцијални погрешни изјави на компанијата за нејзините компетитивни практики, јави Асошиетед прес.

Во писмо до Безос, лидерите на Закондавната комисија на Претставничкиот дом, велат дека нема да биде исклучена можноста да го побараат неговото присуство со судски налог, ако не се согласи да се појави сам.

Според неодамнешен извештај на Вол стрит џурнал, Амазон користел чувствителни информации за продавачите на неговиот пазар, нивните производи и трансакции, за да развие сопствени компетитивни производи.

Амазон ги негираше ваквите изјави на сослушување во Претставничкиот дом минатиот јули, велејќи дека компанијата има официјална политика против ваквите практики.

Портпаролот на Амазон досега не излезе со коментар.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG