Линкови за пристапност

Алстом призна вина, ќе плати казна од 772 милиони долари


Американското обвинение ја товареше француската електрична и транспортна компанија за корупција и поткуп

Француската електрична и транспортна компанија Алстом се изјасни како виновна по американското обвинение за корупција и поткуп и се согласи да плати казна од преку 772 милиони долари.

Американскиот Оддел за правда соопшти дека компанијата се согласила на казната во случајот на „широка шема што вклучила десетици милиони долари поткуп во разни земји во светот“, вклучувајќи ги Индонезија, Саудиска Арабија, Египет и Бахамите. Американските власти наведуваат дека Алстом признала дека плаќала поткуп на владини претставници и фалсификувала податоци во врска со електричните мрежи и транспортните проекти на компаниите во државна сопственост ширум светот.

Обвинението било поднесено согласно американскиот Акт против странски корупциски активности со којшто се забранува поткуп на странски официјални лица за да помогнат во постигнување и задржување на деловни договори.

XS
SM
MD
LG