Линкови за пристапност

Американските тинејџери попаметни од нивните родители


И покрај тоа што американските тинејџери се подебели, јадат помалку зеленчук, спијат помалку и поминуваат повеќе време играјќи видео игри отколку што тоа го правеле нивните родители, помала е веројатноста дека тие ќе злоупотребуваат дрога или алкохол кога ќе пораснат, се наведува во најновиот извештај на американските Центри за контрола на болести и превенција.

Оваа организација секоја втора година, во текот на пролетниот семестар спроведува истражување меѓу учениците од 9-то до 12-то одделение во јавните и приватните училишта во државата.

Последното истражување спроведено во 2017-та година покажа дека американските средношколци помалку пушат цигари, пијат алкохол или земаат дрога во споредба со истражувањето спроведено пред 25 години. Употребата на алкохол опаднала за 26 проценти од 1991-ва година наваму, додека употребата на кокаин и хероин е на историско најниско ниво, што е добра прогноза за тинејџерите кога ќе постанат возрасни.

Податоците, исто така, покажуваат дека американските средношколци имаат помалку секс, а кога ќе постанат сексуално активни, тие имаат помал број на партнери.

Младите Американци се побезбедни и на патиштата. Пред 25 години, еден на четворица тинејџери не носеле сигурносен појас. Во 2017-та година таа бројка се намалила на само шест проценти.

Но, постојат и некои вознемирувачки трендови.

Повеќе од 17 проценти од анкетираните тинејџерите рекле дека сериозно размислувале за обид за самоубиство, додека 14 проценти рекле дека земале лекови против болка на своја рака, или не ги следеле упатствата за употреба. Загриженост предизвикува и времето поминато пред телевизорите и компјутерите.

И покрај тоа, истражувачите велат дека постои оптимизам од најновите трендови кај младите Американци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG