Линкови за пристапност

Алибаба откажа еден милион работни места во САД


Одлуката на кинескиот онлајн гигант е последица на трговската војна меѓу двете држави

Кинеската агенција „Ксинхуа“ јави дека трговскиот гигант Алибаба ги откажува плановите за отворање милион работни места во САД, како резултат на трговската војна меѓу двете држави.

Извршниот директор на компанијата Џек Мам вели дека нема шанси да го исполни неговото ветување кон претседателот Доналд Трамп, нагласувајќи дека моменталната ситуација ги уништила првичните планови.

Тој претходно вети дека ќе овозможи американските мали бизниси и земјоделци да ги продаваат нивните производи на Алибаба, што претставува една од најголемите онлајн продавници.

Според него, економските односи меѓу САД и Кина се хаотични, со последници кои може да траат со децении.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG