Државната новинска агенција на Алжир јави дека во армиска операција биле ослободени речиси 100 странци кои исламистички милитанти ги држеа како заложници во зафрлена постројка за експлоатација на гас, а судбината на преку 30 други е непозната. Според денешниот извештај, што се повикува на неименуван извор од безбедносните сили, милитантите грабнале вкупно 132 странски државјани кога средата го нападнале комплексот во централно-источниот дел на земјата.
Агенцијата наведува и дека операцијата се` уште трае, како и дека специјалните сили преговараат со милитантите кои се` уште држат една група заложници.
Засега нема потврда од западен избор за ваквите информации. Според претпоставките, заложниците во комплексот се од САД, Британија, Јапонија, Норвешка, Романија, Филипините, Франција, Малезија и Австрија.
САД, Британија и други земји бараат информација за развојот на ситуацијата, истовремено изразувајќи жалење што Алжир не ги информирал за армиската операција пред таа да започне.
Британскиот премиер Дејвид Камерон денес ги информира парламентарците за информацијата што ја добил од алжирскиот премиер: „Ми кажа дека терористите се обиделе да побегнат, дека процениле дека постои директна зкаана по животот на заложниците и дека сметале дека морале да реагираат. Кога синоќа разговарав со алжирскиот премиер, ми кажа дека првата операција завршила, но дека се работи за голема и комплексна локација и дека се` уште се во потрага по терористите, и, можеби, дел од заложниците во други делови на локацијата“.
Алжирската новинска агенција информираше дека во операцијата биле ослободени и преку 570 Алжирци. Засега не е познато дали и тие биле заложници, или пак се криеле во комплексот.
Белата куќа соопшти дека безбедносни лица редовно го информираат претседателот Барак Обама за ситуацијата.
Американскиот секретар за одбрана Леон Панета се наоѓа во Лондон, каде се сретна со премиерот Дејвид Камерон. Официјални лица соопштија дека разговорите се фокусирале на Алжир, Мали и други прашања.