Линкови за пристапност

Нов филм на Вуди Ален: колекција од приказни со локација Рим


Вуди Ален најголем дел од своите филмови ги лоцира во Њујорк, но последните години режисерот се прошири и на Лондон, Барселона, Париз и сега – Рим.

Нов филм на Вуди Ален
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:48 0:00
Direct link

Како што оди хитот на 1950-те „Воларе“ така камерата се движи низ антички урнатини, класични фонтани и модерни облакодери. Римски полицаец кој го регулира густиот сообраќај се врти да ја поздрави публиката.

Потоа, Вуди Ален претставува туристи и локалци кои се вљубуваат, бизнисмен кој станува славен и оперски пејач, секој во одвоена вињетка, под широк наслов „На Рим со љубов“.

Вуди Ален вели дека тоа е ужасен наслов што дошол случајно. Неговиот оригинален наслов бил „Боп Декамерон“ но никој не знаел што е Декамерон, дури и во Рим, дури и Италијаните не знаеле.

Ален вели дека сценариото за неговиот 43-ти филм вклучува случајни идеи што тој ги зачувал по фиоките.

Тоа биле белешки на парче хартија што велат, на пример, „човек што може да пее само кога се тушира“. Некогаш сум мислел дека од тоа може да стане смешна приказна, вели Ален.

Италијанскиот тенор Фабио Армилиато го игра човекот што пее под туш, но го губи гласот кога ќе се најде пред публика. Друга вињетка е за новооженетиот Антонио, чиј меден месец е пореметен со Ана, секси проститутка која мисли дека тој и` е клиент за кого таа е платена да го забавува.

Таа вели „Тебе навистина ти треба лекција за љубов... сето тоа е платено“. Пенелопи Круз ја игра Ана.

„Таа е лик што нема филтер во мозокот и кажува точно како се чувствува. Многу е освежувачко, и ослободувачко да се игра некој како неа“, вели Круз.

Вуди Ален прави нешто што не го направил во последните шест филмови – тој има улога во филмот.

„Само затоа што таму имаше дел за мене. Зашто, кога пишувам сценарио, ако има дел за мене, јас го играм тој дел“, објаснува тој.

Ален вели дека го избрал Рим од практични причини. Неговите спонзори дале пари таму да го снима. Но Алек Болдвин, кој игра во филмот, вели дека локацијата дава тон на леснотија.

„Мислам дека Италија и Рим имаат повеќе смисла за хумор од многу други места во кои сум бил. Сакам да кажам дека секое клише што сум го чул за ова место е вистина. Беше многу пријатно и релаксирано да се снима таму“вели Болдвин.

Во „На Рим со љубов“ играат и италијанскиот комичар Роберто Бенини, австралијанската актерка Џуди Дејвис и младите Американци во подем Џеси Ајзенберг и Грета Гервиг.
XS
SM
MD
LG