Линкови за пристапност

Поврзаност на алкохолот и никотинот


Според најнови истражувања, никотинот го „намалува ефектот на поспаност, што го предизвикува алкохолот“.

За многумина, пиењето алкохол и пушењето цигари одат рака под рака, меѓутоа новите истражувања можно е конечно да покажат зошто.

Во Журналот за неврохемија, истражувачите од Школата за медицина при Универзитетот на Мисури откриле дека никотинот го „намалува ефектот на поспаност, што го предизвикува алкохолот“.

Претходните истражувања покажаа дека преку 85% од Американците, зависни од алкохол, воедно биле зависни и од никотин.

Автор на студијата е Маеш Такар, вонреден професор и директор на Одделот за неврологија при Универзитетот на Мисури.

„Откривеме дека никотинот го ослабува ефектот на поспаност кога ќе се конзумира алкохол, преку стимулирање реакција во делот на мозокот познат како базен просенцефалон. Преку идентификување на реакциите во услови кога луѓето пушат и пијат, можно е да имаме можност да го искористиме знаењето во напорите да ја намалиме зависноста од алкохол и никотин“, вели овој научник.

„Една од негативните последици заради конзумирање на алкохол е губење на сонот. Сепак, кога се употребува заедно со алкохолот, никотинот реагира како стимулант да за попречување на сонот. Доколку поединецот пуши цигари, тогаш постојат поголеми шанси да конзумира поголема количина алкохол и обратно. Алкохолот и никотинот се хранат меѓусебно“, вели д-р Такар.

Според Светската здравствена организација, заради прекумерно конзумирање на алкохол и никотин, годишно се губат 7 милиони животи.

XS
SM
MD
LG