Линкови за пристапност

Одложена средбата меѓу премиерите на Албанија и Србија


Премиерот на Албанија Еди Рама и неговиот српски колега Александар Вучиќ имаа телефонски разговор и се согласија разговорите да ги одржат на 10-ти ноември.

Премиерите на Албанија и Србија ја одложија планираната посета за оваа недела, во услови на растечки политички тензии меѓу обете земји по неодамнешниот фудбалски инцидент.

Премиерот на Албанија Еди Рама и неговиот српски колега Александар Вучиќ имаа телефонски разговор и се согласија да се сретнат на 10-ти ноември, според соопштенијата издадени од нивните канцеларии. Ова би била прва билатерална средба на ова ниво за речиси 70 години.

И обајцата биле согласни дека инцидентот во Белград за време на квалификациониот натпревар за Европското првенство во 2016-та, бил мошне жален случај.

Нивните канцеларии додадоа дека премиерите се свесни дека несогласувања и натаму постојат за причините што го поттикнаа инцидентот. Обајцата лидерите се согласни дека не смеат да ја пропуштат можноста да се сретнат во интерес на одржување на регионалната стабилност и дека е време да свртат нова страница во односите меѓу Албанија и Србија.

XS
SM
MD
LG