Линкови за пристапност

Демократот Даг Џонс победи во Алабама


.
.

Заклетвата на идниот сенатор ќе биде во јануари, а неговата победа многумина ја гледаат како пораз на Републиканската партија

Демократот Даг Џонс победи на специјалните избори, и ќе ја претставува Алабама во Сенатот на САД.

Победата на Џонс многумина ја гледаат како пораз на Републиканската партија, но и укор за претседателот Доналд Трамп, кој го поддржа републиканскиот кандидат, и покрај обвинувањата за сексуално вознемирување.

Џонс ја заокружи победата врз Рој Мур со помалку од два процента разлика.

„Оваа кампања беше за владеење на правото и за пристојност, како и да осигура дека секој во оваа сојузна држава ќе добие фер шанса во животот“, рече Џонс.

Резултатот значи дека во јануари, кога ќе биде заклетвата на Џонс, републиканското мнозинство во Сенатот ќе се намали со 51 наспроти 49 места за демократите, по што ќе биде потешко Трамп да ја пласира неговата агенда.

Трамп, го искористи Твитер за да му ја честита победата на Џонс, нагласувајќи дека републиканците ќе имаат друга шанса на следните избори во Сенатот, во 2020-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG