Линкови за пристапност

Трамп во политичка бура поради сенаторот од Алабама


Претседателот на САД Доналд Трамп се соочува со политичка турбуленција околу Рој Мур, републиканскиот сенатор од Алабама, кој се бори за реизбор на функцијата. Мур се обвинува за сексуални злоупотреби во кои биле вклучени девојки на тинејџерска возраст.

Трамп засега не се произнел јавно, за тоа дали ќе се приклучи на групата републиканци кои се обидуваат да стават крај на кандидатурата на Мур. Обвинувањата датираат од пред неколку децении.

Мур ги отфрли наводите, но не и информациите дека бил во врска со многу помлади жени од него.

Во моментов обвиненија против сенаторот покренаа шест жени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG