Линкови за пристапност

Можноста за активен напаѓач затвори база во Алабама


Гувернерката на сојузната држава вели дека нејзината канцеларија е во тек со развојот на настаните

Воена база во југозападната сојузна држава Алабама, е привремено затворена, заради можност на местото да се наоѓа активен напаѓач.

Од базата на американската армија „Редстоун Арсенал“ на Твитер издадоа предупредување за вработените.

Портпаролот на базата Кристофер Колстер за WAFF-TV изјави дека нема повредени, а официјални лица очекуваат работниците да продолжат со редовните активности во рок од неколку часа.

Во базата се лоцирани програми за против ракетна одбрана и други воени канцеларии, а на локацијата работат повеќе од 30.000 владини службеници и договорни соработници.

Гувернерката на Алабама Кеј Ајви, на Твитер напиша дека нејзината канцеларија е во тек со настаните во „Редстоун Арсенал“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG