Линкови за пристапност

Мур ги оспори изборните резултати во Алабама


Повеќе од две недели од поразот на сенатските избори, републиканецот од Алабама Рој Мур, во последен момент поднесе судска претставка за да ги спречи изборните официјлани лица да ја потврдат победата на неговиот демократскиот противник.

Мур ја поднесе претставката до државниот суд вчера, само неколку часа пред да биде објавено дека Даг Џонс и официјално е прогласен за победник на изборите на кои освои над 20.000 гласови повеќе.

Во оспорувањето се наведува дека Мур загубил поради „систематска измама на гласачите“, како причина наведувајќи го повисокиот одзив од очекуваното во најнаселениот дел во општината Џеферсон, како и неправилностите во 20 гласачки места во округот.

Адвокатите на Мур бараат истрага за наводите и бараат сојузната држава да одржи нови избори. Мур ги отфрли повиците да ја признае победата на Џонс.

Државниот секретар на Алабама Џон Мерил, кажа дека во моментов нема никакви докази за измама на гласачите. Ако победата на Џонс биде потврдена денес, тој ќе положи свечена заклетва следната недела и ќе го наследи Џеф Сешнс, кој стана главен правобранител на САД.

Џонс е првиот демократ избран за член на Сенатот од оваа сојузна држава, последниве 25 години.

Мур е поранешен судија во Врховниот суд во Алабама, и е познат по неговите цврсти религиозни погледи.

Неговата кампања се најде на удар, откако весникот Вашингтон пост објави тврдења на неколку жени кои кажаа дека биле сексуално малтретирани кога биле тинејџерки, а Мур бил во неговите 30-ти години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG