Линкови за пристапност

Алабама донесе закон за речиси целосна забрана на абортус


Единствен исклучок ќе биде ризик по здравјето на жената, но, не и силување и инцест

Законодавците во сојузната држава Алабама донесоа закон за речиси целосна забрана за абортус.

Сенатот, каде доминираат републиканците, гласаше со 25 наспрти шест гласови, со што абортусот во која било фаза од бременоста ќе се смета за кривично дело казниво до 99 години или доживотен затвор за клиниките за абортус.

Единствен исклучок ќе бидат случаите при кои здравјето на жената е доведено во сериозен ризик.

Сепак, сенаторите одбија да ги додадат како исклучок случаите на силување и инцест.

Поддржувачите велат дека законот може да придонесе Врховниот суд да ја преиспита одлуката од 1973 година, со која абортусот се легализираше на национално ниво.

Портпаролот на гувернерот на Алабама рече дека ќе се воздржи да коментира додека не ја разгледа крајната верзија на законот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG