Линкови за пристапност

Алабама стана сојузна држава со најстрог имиграционен закон во САД


Алабама стана сојузна држава со најстрог имиграционен закон во САД
Алабама стана сојузна држава со најстрог имиграционен закон во САД

Гувернерот на јужната сојузна држава Алабама потпиша строг закон за илегалната имиграција што бара јавните училишта да го одредуваат имигрантскиот статус на учениците.

Гувернерот на јужната сојузна држава Алабама потпиша строг закон за илегалната имиграција што бара јавните училишта да го одредуваат имигрантскиот статус на учениците.

Републиканскиот гувернер Роберт Бентли ја потпиша мерката во четврток и кажа дека ова е најсилниот имиграционен закон во државата. Критиката се согласува.

Новиот закон нема да им овозможува на училиштата да им негираат образование на илегалните имигранти, но вели дека постои „уверлива потреба“ да се мери имигрантската ученичка популација заради влијанието на цената на нивното присуство врз јавно-финансираното образование.

Мерката исто така ќе овозможи полицијата на Алабама да уапси секој што во земјата е илегално ако тоа лице е запрено од која било причина.

Исто така би било криминал со знаење да се превезува или заштитува некој кој во земјата е илегално, а работодавците ќе треба да користат федерален систем за електронско верифицирање на имигрантскиот статус на нови вработени.

Новиот закон влегува во сила на 1 септември, но адвокати за човекови права велат дека ќе поднесат жалба по законот.

XS
SM
MD
LG