Линкови за пристапност

Ал-Каида лансирала крило во Индија


Водачот на групата Ајман ал-Завахири ова го соопштил во 55-минутно видео објавено во четврток.

Лидерот на Ал-Каида Ајман ал-Завахири вели дека исламистичкото екстремистичко движење лансирало огранок на индискиот потконтинет.

Во 55-минутно видео објавено во четврток, Завахири кажа дека ал-Каида го подготвувала востановувањето на новиот огранок повеќе од две години.

Ал-Каида е веќе активна во Авганистан и во Пакистан, но Завахири кажа дека групата нема да ја пренесе борбата во Индија, Бурма и Бангладеш.

Соопштението може да биде предизвик за новиот индиски премиер Нарендра Моди, кој веќе беше соочен со критика што не реагирал по неколку инциденти означени како анти-муслимански додека бил гувернер на државата Гуџарат.

Индискиот аналитичар од Националниот универзитет на Сингапур Канти Прасад Баџпаи за Гласот на Америка кажа дека соопштението на Завахири нема да биде добро примено во Индија со мнозинско Хинду население.

Муслиманите бројат околу 15 проценти од Индијците, но од проценетите 175 милиони, нивното е трето по големина муслиманско население во светот.

Индискиот премиер не коментираше по соопштението на Завахири, но портпаролот за владеачката партија Бхаратија Џаната кажа дека тоа е прашање „за сериозна загриженост“.

XS
SM
MD
LG