Линкови за пристапност

Потврдено убиството на вториот по ранг во ал Каида


Лидерот на ал Каида Ајман ал-Завахири потврди дека вториот по ранг во терористичката група бил убиен порано годинава.

На видео снимка објавена на Интернет, Завахири му оддава почит на Абу Јахјаал-Либи и вели дека американско беспилотно летало во јуни го убило заменикот на ал Каида во пакистанската племенска област Северен Вазиристан.

Американски претставници ја потврдија смртта на Либи, нарекувајќи ја голем удар за ал Каида.

Либи, родум од Либија, ги водел операциите на терористичката група во пакистанските племенски региони, а управувал и со регионалните ограноци во време кога бил убиен порано годинава.

Либи избегал од американски затвор од Авганистан во 2005 и се појавил во серија пропагандни видеа пред да стане заменик лидер на терористичката група минатата година.

Во видео објавено во вторникот лидерот на ал Каида не го спомнува директно 11 септември туку само како референца на војните во Ирак и Авганистан вели дека САД биле поразени.

Авганистански Талибан објави слична порака ден пред годишнината, велејќи дека САД се соочени со „апсолутен пораз“ во Авганистан и дека треба да ја завршат војната.
XS
SM
MD
LG