Заливот Гвантанамо во Куба, е познат најмногу по сместувањето на осомничените за тероризам, вклучително и оние кои беа донесени по нападите од 11 септември и членовите на Талибанците. Сега, американската поморска база повторно се најде во фокусот бидејќи официјалните лица го подготвуваат Центарот за операции со мигранти таму за да задржат 30.000 мигранти согласно наредбата на претседателот Доналд Трамп.
„Може да се зголеми, да. Зависи. Но, земјите кои нема да ги вратат своите криминалци што ги испратија кај нас, ги ставија во караваните и тие дојдоа, сигурни како што вие стоите тука, тие беа испратени од тие земји и сега ќе бидат третирани многу строго, со санкции и слично“, истакна Трамп.
Групите за права велат дека според американското законодавство е легално да се задржи мигрант за краток период додека не биде отстранет. Но, ако земјата на потекло не е подготвена да го прифати, неограниченото задржување е нелегално. Во Гвантанамо, велат тие, притворените лица немаат можност за правна заштита.
Вие испраќате луѓе на место каде што нема да имаат можност да контактираат со адвокатБил Фрелик, Хјуман рајтс воч
„Во суштина тоа е црна дупка. Вие испраќате луѓе на место каде што нема да имаат можност да контактираат со адвокати. Ќе немаат контакт со нивните семејства и ќе бидат целосно изолирани. И изгледа дека, од она што го кажа и самиот претседател, намерата е да се задржат таму на неодредено време”, посочува Бил Фрелик од Хјуман рајтс воч.
Во Соединетите Американски Држави, мигрантите без документи се држат во притворни центри, па дури и во затвори. Меѓународниот проект за помош на бегалците вели дека САД пресретнале мигранти на море и претходно ги држеле во Гвантанамо, со бројка од десетици илјади за време на администрациите на Реган и Клинтон и помалку од стотина за време на администрацијата на Бајден. Организацијата вели дека она што Трамп сака да го направи е различно.
„До сега, никогаш не било случај Соединетите Американски Држави да приведуваат лица од внатре во земјата во големи размери како дел од масовна кампања за депортација и да испраќаат луѓе во Гвантанамо. Тоа никогаш не било направено претходно”, вели Хана Флем од Меѓународниот проект за помош на бегалците.
Гвантанамо е цитирам, „совршено место“ за криминални мигрантиПит Хегсет, секретар за одбрана на САД
Гвантанамо е цитирам, „совршено место“ за криминални мигранти, рече американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет.
„Ние ја поддржуваме наредбата на претседателот да се осигура дека илегалните поединци кои вршат насилни злосторства ќе бидат задржани во притвор додека се депортираат надвор од земјата”, вели Хегсет.
Хегсет и други официјални лица рекоа дека мигрантите без документи кои не извршиле злосторства, исто така, можат да бидат донесени во Гвантанамо.
„Крајбрежната стража се среќаваат со луѓе во поморските води. Може да ги однесат директно во заливот Гвантанамо”, вели Том Хоман, одговорен за заштита на границите на САД.
Трамп го избра Гвантанамо затоа што на САД им снемува простор за притвор, изјави прес-секретарката на Белата куќа, Керолајн Левит.
„Што е голема причина зошто Конгресот треба да го усвои овој пакет за помирување што е можно побрзо за да се осигури дека Одделот за домашна безбедност и Имиграција и царинско спроведување ги имаат потребните финансии за да ги приведат овие лица”, вели Левит.
Демократските администрации на Обама и Бајден се обидоа и не успеаја да го затворат терористичкиот логор Гвантанамо, кој беше изграден од администрацијата на Џорџ Вокер Буш во 2002 година, по американската инвазија на Авганистан, која започна непосредно по терористичките напади на 11 септември.
Facebook Forum