Линкови за пристапност

Академикот Елизабет Цурков со месеци држена од шиитска милиција во Ирак


На израелските граѓани им е забрането да патуваат во Ирак, бидејќи државата е прогласена за непријателска. Таму, Катаиб Хезболах е една од најмоќните милициски групи поддржани од Иран.
На израелските граѓани им е забрането да патуваат во Ирак, бидејќи државата е прогласена за непријателска. Таму, Катаиб Хезболах е една од најмоќните милициски групи поддржани од Иран.

ЕРУСАЛИМ – Израелско-рускиот академик кој исчезна во Ирак пред неколку месеци е жив и е задржан таму од страна на шиитската група Катаиб Хезболах, соопштија од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху, академикот е именуван како Елизабет Цурков. Се вели дека таа заминала во Ирак за истражувачки цели во име на Универзитетот Принстон во САД. Засега нема детали за нејзината состојба.

Цурков влегла во Ирак со нејзиниот руски пасош, се наведува во соопштението.

На израелските граѓани им е забрането да патуваат во Ирак, бидејќи државата е прогласена за непријателска. Таму, Катаиб Хезболах е една од најмоќните милициски групи поддржани од Иран.

„Елизабет Цурков сè уште е жива и гледаме дека Ирак е одговорен за нејзината судбина и благосостојба“, се вели во соопштението, додавајќи дека со ситуацијата се справуваат релевантните тела во Израел. Во моментов нема коментар од руски или ирачки официјални лица.

Мајката на Цурков, Ирена, изјави дека тие изгубиле контакт од пред два месеци.

„Од она што го знаев до денес, таа беше во Турција, работејќи на своето истражување за Принстон. Не ни знаев дека е во Ирак“, изјави таа за „N12 News“.

Според нејзината страница на мрежата „LinkedIn“, истражувањето на Цурков вклучува работа за кршење на правата, политиката и пресвртите во Сирија, Ирак, Израел и палестинските територии. Ја следат 80 000 корисници на „Твитер“ и објава и е од месец март.

XS
SM
MD
LG