Линкови за пристапност

Затегнати безбедносни мерки за летање кон САД


Се` уште може да се носи лаптоп во багажот

Секретарот за домашна безбедност Џон Кели, во средата најави дека новите мерки, видливи или невидливи за патниците, ќе бидат воведени постепено наредниве месеци.

Патниците можат да очекуваат подетални проверки, преглед на личните електронски уреди, поголема безбедност околу авионите и терминалите, како и употреба на обучени кучиња за откривање бомби и хемикалии.

Засега Одделот за домашна безбедност не ја прошири забраната за носење лаптоп компјутери. Уредите се забранети во авиони кои доаѓаат од осум африкански и блискоисточни земји уште од март оваа година со образложение дека Исламската држава се обидувала да направи бомба во таков уред.

Властите на САД размислуваа за проширување на забраната и за летови од Европа.

Новите безбедносни мерки ќе се однесуваат на 280 странски аеродроми во 105 земји. Околу 325 илјади патници секојдневно летаат од овие аеродроми кон САД.

На странските авиокомпании им се даваат 120 дена за да се усогласат со новите мерки, а само 21 ден да ја зголемат безбедноста и скенирањето на електронските уреди.

Доколку тоа не го сторат во предвидените рокови, на авиокомпаниите може да им биде забранет пристап на американски аеродроми, но Кели рече дека „не верува дека ќе дојде до тоа“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG