Линкови за пристапност

„Јунајтед Ерлајнс“ најави промени по насилното извлекување патник


Инцидентот минатиот месец покрена дебата за услугата и за недостигот на пријателски однос кон патниците на американските авиокомпании

Комисијата за транспорт на Претставничкиот дом се состана да утврди како Конгресот може да реагира, откако минатиот месец патник насилно беше извлечен од преполн авион на „Јунајтед Ерлајнс“.

„Во секоја тешка ситуација има начин за решение, кој најчесто се наоѓа, но ако авионската индустрија не го направи тоа, заедно ќе смислиме начин како да ја средиме ситуацијата “, изјави Бил Шустер, претседавач со Комисијата.

Извршниот директор на „Јунајтед Ерлајнс“ Оскар Муноз, се извини неколкупати за отстранувањето на патникот Давид Дао, кој одби да стане од неговото место за да направи простор за вработени во авионската компанија.

Инцидентот покрена дебата за услугата и за недостигот на пријателска политика кон патниците на американските авиокомпании.

„Јунајтед Ерлајнс“ и други компании најавија промени во правилата во однос на пребукираните летови.

Компанијата рече дека редовно ги преполнува летовите, бидејќи мал процент од патниците не се појавуваат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG