Линкови за пристапност

Инцидент во авион упатен за Денвер


Патник на лет од Вашингтон за Денвер предизвикал страв од активирање на бомба пушејќи во еден од тоалетите на авионот

Американски безбедносни претставници велат дека патник на лет од Вашингтон за Денвер предизвикал страв од активирање на бомба со тоа што се обидел да пуши во еден од тоалетите на авионот.

Властите соопштија дека истражителите го испрашале човекот, дипломат од Катар, откако авинот на компанијата Јунајтед Ерлајнс во средата слетал на Меѓународниот аеродром во Денвер.

Владините лица кои побараа да останат анонимни, рекоа дека патникот наводно бил фатен како пуши во авионот, а потоа се пошегувал дека се обидувал да го запали чевелот. Тоа ги активирало федералните маршали на авионот физички да го совладаат.

Кај човекот не бил пронајден никаков експлозив.

Американската армија испрати два борбени авиона Еф-16 од воената база во Колорадо да го пресретнат авионот, по што го придружуваа до неговото безбедно слетување.

Претставник на Белата куќа изјави дека претседателот Барак Обама кој за време на инцидентот бил на пат за Прага, бил брифиран за инцидентот.

XS
SM
MD
LG