Наполитано зборуваше на железничката станица во Трентон, Њу Џерси, каде ги повика патниците да бидат претпазливи за време на празниците што претстојат и да известат за сомнетилни активности. Таа исто така апелираше за трпение во врска со безбедносните процедури на аеродромите за кои критичарите велат дека се инвазивни.
Кампања на интернет ги повикува луѓето да одбијат скенирање на целото дело на аеродромите во среда, кога традиционално Американците најмногу патуваат.
Американски претставници велат дека се трудат новите безбедносни мерки на аеродромите да ги направат, цитираме, „минимално инвазивни“. Раководителот на владината Агенција за безбедност во сообраќајот Џон Пистол викендот изјави дека длабокото скенирање на целото тело и деталниот физички претрес можеби ќе бидат адаптирани при разработувањето на програмата. Сепак, во интервју во неделата, Пистол подвлече дека процедурите се неопходни за да се спречат инциденти како минатогодишниот обид за активирање на експлозив во авион, сокриен во долната облека. Критичарите тврдат дека проверката ја нарушува приватноста на патниците.