Линкови за пристапност

СЗО: Девет од десет луѓе дишат загаден воздух


Загадувањето на воздухот е причина за повеќе од шест милиони смртни случаи на годишно ниво, стои во извештајот на Светската здравствена организација

Повеќе од 90 отсто од светската популација е изложена на прекумерно загадување на воздухот, што доведува до бројни здравствени проблеми, стои во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Новите податоци откриваат дека проблемот е најмногу застапен во големите градови, но, бројките покажуваат оти квалитетот на воздухот е многу мал и во руралните средини.

Мариа Најра, директор на Одделот за јавно здравје и животна среднина во СЗО вели дека „ згадувањето е доволно крајно да ги загржи сите“. Таа потенцира:

„Ова е итна ситуација за јавното здравје. Брза акција за решавање на проблемот не може да дојде доволно брзо“.

Извештајот забележува дека загадувањето влијае врз повеќе од 92 отсто од луѓето, и доведува до повеќе од шест милиони смртни случаи на годишно ниво. Речиси сите од нив, околу 90 проценти, се случиле во неразвиени и средно развиени земји.

Испитувањата се направени во повеќе од 3.000 места низ светот, преку мерење на малите, опасни честички во воздухот.

Светската здравствена организација одби јавно да каже која земја има најголемо загадување, но Југоисточна Азија и Западнопацифичкиот регион, вклучувајќи ги Кина, Малезија и Виетнам, покажаа највиско ниво на загадување.

XS
SM
MD
LG